Институтот за костими на Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк откри детали за својата пролетна изложба во 2024 година, која служи како инспирација за темата на придружната Мет Гала. И додека темите за последните три години беа појасни, ископувањето на архивите на кариерата на Карл Лагерфелд, гламурот од позлатеното доба и американската мода нашироко, Мет Гала следната година – што ќе се одржи во понеделник, на 6 мај – ќе се заснова на повеќе концептуални референтни точки околу модната историја, природата, технологијата и сетилата.
„Заспаните убавици: Повторно будење на модата (Sleeping Beauties: Reawakening Fashion) ќе биде претставена во Институтот за костими во Њујорк од 10 мај до 2 септември 2024 година, извлекувајќи ретките „ремек-дела“ од архивата на Институтот за посетителите на музејот да ги искусат на нов, имагинативен начин, како што се наведува во информацијата за медиумите.
Потпомогнати од технологијата вклучувајќи проширена реалност, вештачка интелигенција, рендгенски зраци, анимации и звучни пејзажи, инсталациите ќе ги реимислираат „мирисите, звуците, текстурите и движењата“ и на историските и на иконичните современи парчиња облека што повеќе не можат да се носат откако се набавени од страна на музејот Метрополитен. Помеѓу изложените парчиња ќе има балска тоалета од крајот на 19 век од House of Worth, вечерен фустан од ерата на Втората светска војна од Медлин Вионе и архивски парчиња од Елса Скиапарели, Кристијан Диор и Александар Меквин.
-Кога некое парче облека ќе влезе во нашата колекција, нејзиниот статус неотповикливо се менува. Она што некогаш беше витален дел од животното искуство на една личност, сега е неподвижно уметничко дело кое повеќе не може да се носи или слушне, да се допира или мириса – рече кустосот на Институтот Ендрју Болтон во изјавата.
Според Vogue, терминот „Заспани убавици“ не се однесува на принцезите на Дизни, туку на парчиња кои остануваат во складиштето, бидејќи не постои практичен начин да се прикажат или носат.
-Иновативната тема ќе ги помести границите на нашата имагинација и ќе нè поттикне да ги доживееме многуте аспекти на модата, да дознаеме повеќе за нејзината историја и, на крајот, да стекнеме подлабоко разбирање за нејзината убавина – рече Макс Холејн, извршен директор на музејот Метрополитен.
Мет Гала ќе се обиде да „покрие“ 400 години модна историја, од анлискиот корсет од елизабетанската ера од 17 век до креации од 21 век од многу познати дизајнери, вклучувајќи ги Филип Лим, Стела Макартни и Конер Ајвс. Повеќе модерни парчиња ќе бидат изложени заедно со историски дела кои всушност служеле како инспирација.
-Модата е една од најемотивните уметнички форми поради нејзината поврзаност со телото. Тоа е проткаено со спомени и емоции, а ние се поврзуваме со него во голема мера преку нашите сетила – вели Болтон.
View this post on Instagram
Нема коментари