Есента е пред нас и тоа значи дека е време да ја подготвиме новосезонската облека, да ја освежиме гардеробата и да ја балансираме модата според временските прилики. Во агендата за овој септември се неколку стилски идеи уловени на Инстаграм. Во тренд се широките панталони во елегантен стил, во првите есенски денови тие може да идат во бела или светлобеж боја. Бомбер јакните се враќаат, но сега се волуменозни и потсетуваат на машките колеџ-јакни. Блузите и џемперите со пруги се секогаш добра идеја и се носат во секакви комбинации. Од детали, свилена марама која може да се носи на повеќе начини.
НОВА ВЕРЗИЈА НА БОМБЕР ЈАКНИ
БЛУЗА СО ПРУГИ
БЕЛИ ШИРОКИ ПАНТАЛОНИ
СВИЛЕНА МАРАМА КАКО ДЕТАЉ
Нема коментари