Јануари е месец на повеќе почетоци, еден е стартот на нова фискална година, нови предизвици на работното место и нова модно-бизнис приказна. Време е да ја освежите деловната облека со нови парчиња соодветни за канцеларија – струкирано класично сако, модерни килот-панталони, нова бизнис-чанта, пенкало-здолниште со точки, палто со едноставен крој. Навидум ова е вообичаена деловна облека, но клучно е да е направена со осовременети кроеви и со трендовски рефереци. Не заборавајте дека во секој момент треба да изгледате професионално, но и модерно.
Нема коментари