Која е тајната на стилот на жените што се секогаш шик и дотерани, префинети и ненападни, жени за кои се зборува и оставаат впечаток со својата појава!? Се облекуваат толку добро, ама не успевате да откриете како го постигнуваат тој ефект!? Но ако направите анализа ќе заклучите дека нивните стилски трикови за шик изглед не се многу комплицирани, прочитајте ги следниве правила, и ќе забележите дека се мошне применливи.
1.Дотераните жени знаат дека тајната е во деталите – кошулата малку потпикната во фармерките, ракавите лежерно потвиткани, убава марама и обичната кошула добива нов изглед благодарение на неколку ситни стилски чекори.
2.Жените со стил обрнуваат посебно внимание на фитингот – постојат две правила што мора да ги следите 1) научете кои модни парчиња изгледаат добро за вашата силуета и 2) најдете си супер кројач. Кратењето на панталоните или комбинезонот, макар за неколку милиметри, прави голема разлика.
3.Бираат слични ткаенини – научете кои ткаени се мешаат добро, на пример ова тексасно здолниште изгледа подобро и повпечатливо со волнено пончо и антилоп-чизми, наместо со свилена или некоја вискозна блуза.
4.Уредните нокти се приоритет – можеби си мислите дека никој не ги забележува ноктите, дали се лакирани или имаат голема потреба од маникир, ама тоа е една од првите работи што паѓа на прв поглед. Средените нокти и кутикули даваат илузија дека сè останато што го носите е скапо и чисто.
5.Дотераните жени се грижат за своите модни парчиња – како и ноктите, луѓето ги забележуваат испуштените конци, дамките, непегланата облека, оштетените флекници, па затоа пред секое излегување проверете го секој детаљ од вашата гардероба.
6. Тие ги применуваат трендовите… суптилно – Да, ги сакаат новите трендови, да, и тие би облекле трендовски фармерки со распратален раб, ама секогаш ќе ги комбинираат со класични парчиња во неутрални бои.
7.Сакаат да се чувствуват удобно во облеката, ама тоа не значи и неуредно и распарталено – Постои разлика. Внимавајте патиките секогаш да бидат чисти и престанете да носите облека која изгледа растегнато и износено.
8.Дотераните жени зарачат со самодоверба – Без разлика што сте облекле, вапиот став и држењето на телото зборуваат многу. Брадата нагоре, рамената исправени, стомакот вовлечен! И што и да е сте облекле, одеднаш ќе ја добие својата форма.
Нема коментари