Годинешната конференција „Профемина 2018“, која третпат со голем успех ја организираат компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, помина во знак на слоганот на манифестацијата – Што сакаат жените?. Главната конференциската сала на хотелот „Александар палас“ беше полна со заинтересираните посетители кои дојдоа да ги следат осумтте панел-дискусии на кои беа разработени теми од областа на здравјето, убавината, исхраната, социјалните мрежи…
Главна тема на конференцијата беше прашањето „Што сакаат жените?“, па оттука произлегоа и дискусии за најчестите женски прашања.
Во 10.20 часот водителката и стендап-комичарка Ивана Наскова ги расположи присутните во салата со специјално подготвен стендап и ја покани на сцената уредничката на влијателното списание на жени „Убавина и здравје“, водителката Јована Стојменовиќ, која им се обрати на присутните во преполната конференциска сала и ја најави првата панел-дискусија, под покровителство на „Горењка“, насловена како „Трендови во индустријата на убавината: Антиејџинг и дискретни естетски корекции“.
По првата панел-дискусија, следуваше првата студија на случај, под покровителство на специјална болница за очни болести „Деница“, која ја водеше Елена Стојановска Јанковска, а во која експертите им објаснија на присутните колку е важна превенцијата на очните заболувања. Јована Стојменовиќ ја најави втората студија на случај: „Beauty talk: Кожата говори за вас“, под покровителство на „Виши“, на која беше потврдено дека со правилна нега може да се забави стареењето на кожата.
Следниот панел на „Профемина 2018“, под покровителство на La Roche Posay, ги одговори сите прашања на родителите за бебешката и детската кожа, а потоа ја следевме следната панел-дискусија, под покровителство на „Ревалид“, која што се однесуваше на „Нега на косата и скалпот: Дали знаеме колку е важна?“.
„Што всушност претставуваат престижот, успехот и убавината: Како да изгледате здраво, убаво и фит?“, се прашањата со кои водителката Елена Стефановска го отвори новиот панел, под покровителство на „Орбико“. Водителот Ване Марковски модерираше темата „Тренд: Food is the new fashion“, чиј покровител е „БиМилк“. Follow for follow – Like 4 Like“ е името на последниот панел на „Профемина 2018“. Модератор беше Коста Петров, а покровителот на панелот – „Fashion Group“.
Нема коментари