Облекувањето за во канцеларија во зимските месеци одразбира топли парчиња и своевит стил, но тоа не значи дека дека елеганцијата треба да биде изоставена. Зимска облека што ги задоволува строгиот бизнис-дрескод треба да биде исклучиво квалитетна и составена од неколку основни парчиња во кои вреди да се инвестира. Прва работа што задолжително треба да ја имате е капут со класичен и едноставен крој во неутрални нијанси или со поделикатен дезен како на пример ситно каро. Потоа прв впечаток оставаат обувките – тоа треба да бидат класични салонки, кожни мокасини или квалитетни чизми со елегантни потпетици, но никако не светкави до глужд, накитени со реси и нитни или над колена. Чантата е исто така меѓу првите парчиња што се забележуваат кога е деловниот стил во прашање, многу е важно да е квалитетна, со цврста форма, и повеќе се претпочита класичен изглед, отколку модел со шари, многу нитни, впечатливи логоа… Подобро е да поседувате само две квалитетни, нека бидат и поскапи чанти (едната во темна и другата со посветол и неутрален тон), отколку повеќе во разни бои и со евтин изглед.
Капутот, чантата и обувките го градат првиот впечаток, потоа на ред се останатиот дел од облеката. Задолжителни парчиња на секоја жена се кошулите (една бела), молив здолништата со должина до колена и под колена, елегантна ролка и тенок џемпер на закопчување, неколку фустани со едноставна форма и неколку наменети за коктел-средби, добро скроени панталони и сако. Се препорачува минимализам, природни ткаенини, палета на бои во кои доминираа црната, белата, сивата, кремовата, пастелните тонови и во некои случаи појаки бои како црвена и бордото. Покрај квалитетот важно е модните парчиња да бидат сестрани за може меѓу себе да се мешаат со цел да се создадат што е можно повеќе комбинации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари