Во четврток, 8 октомври, со почеток во 17 часот скопското кафуле „Љубов“ по осми пат ќе се одржи „Љубовен базар“ со кој на едно место повторно ќе се соберат креативци од различни области и на кој ќе имате можност да погледнете и да си купите уникатни и рачно изработени предмети од месинг, бакар, сребро, кожа, дрво, текстил, глина. Учесниците на осмото издание на Љубовниот базар ќе бидат повеќе дизајнери и брендови: Глигор Кузмановски, Карло Хорват, Елена Ристовска, Алма Идризи, Фабрика 13, Doppio M, Sara Filigri, Лиле Мангова, Александра Петковска, JN Filigree, Anechi;s Atelier, Acid Wear, Dina Gicik, Bulberry. За музиката ќе се погрижи Алек Пулиос.
Нема коментари