Македонскиот филм „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија го отвора претстојното 37. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Режисерското деби на екс-југословенскиот актер со светска слава, деновиве беше прикажан на Пулскиот фестивал, а македонската премиера е закажана на „Манаки“. Работен според познатиот текст на Душан Јовановиќ, зборува за судбините на семејствата за време на окупацијата на Скопје во 1943 година и ужасите на војната, најповеќе низ очите на 11-годишниот Зоран… Во филмот глумат Давид Тодосовски, Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Денис Абдула, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Никола Ристановски, Игор Џамбазов. Погледнете го трејлерот.
Нема коментари