Вчерашните „Оскари“ ни донесоа доста забавни моменти – Фарел Вилијамс ја пее веселата Happy и во танцот му се придружува Лупита Нионго, а богами и Мерил Стрип која малку заигра од своето столче, потоа водителката на настанот Елен Деџенерис нарача неколку пици и делеше парчиња на холивудските ѕвезди (а потоа помина да им наплати за пицата носејќи го фамозниот шешир на Фарел од „Греми“), ама клучен и најзабавен момент беше кога околу себе ги собра најпознатите актерски ѕвезди за да направи „самоклик“. Фотографијата ја објави на својот профил на „Твитер“ и за многу кратко време милиони следбеници го кликнаа нејзиниот пост. Резултатот!? Поради милионските посети и споделувања, падна мрежата на „Твитер“!
Ако ја погледнеме селфи-фотографијата ќе видиме дека сите се насмеани и весели. Во прв план е Бредли Купер, зад него е Елен, па Мерил Стрип, Џенифер Лоренс, Бред Пит, Џулија Робертс, малку ѕиркаат Џаред Лето и Анџелина Џоли која со раката го покрила лицето, а во позадина се Лупита Нионго, Ченинг Тејтум и Кевин Спејси кој има супер шизичка насмевка. Од видео снимката на настанот, се забележува дека позира и Лајза Минели, ама поради тоа што е ниска, не се гледа на фотографијата.
Нема коментари