„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан прогласен за најдобар филм на вчерашното доделување на Оскарите – филмските награди на Американската академија. Филмот победи во уште шест категории, меѓу другото за режија за Нолан, Килијан Марфи за портретирањето на познатиот физичар Роберт Опенхајмер ја освои златната статуетка за главна машка улога, а Роберт Дауни џуниор за споредна машка улога.
Ема Стоун го освои вториот Оскар за најдобра актерка во својата кариера, вчера статуетката ја доби за улогата во „Бедни суштества“ на Јоргос Лантимос. Дејвин Џој Рендолф освои Оскар за најдобра женска споредна улога за „Останатите“.
Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје го доби „Зона на интерес“, најдобро оригинално сценарио е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије, а најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.
Нема коментари