Се ближи 93-тото доделување на филмските награди Оскар, годинешната церемонија ќе е одржи во живо, но во склад со епидемиолошките мерки. Поради короната настанот се одржува два месеци подоцна, на 25 април. Иако постоеше опција Оскарите да не се одржат, од Американската филмска академија велат дека филмовите имаат важна улога и во најтешките и најмрачни моменти, па доделувањето ќе се одржи во поинаков, виртуелен формат.
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи во Лос Анџелес, во дворот на железничката станица Union Station и во театарот Долби, но и на уште неколку светски локации каде ќе има сателитско доделување. Настанот ќе има повеќе водители – Бред Пит, Рене Зелвегер, Харисон Форд, Хали Бери, Рис Витерспун, но многу малку публика. Имено, на настанот можат да присуствуваат само номинираните, а тие смеат да понесат само еден гостин.
Наместо класичниот вид на доделување – театарска сцена и бројна публика, поради Ковид-19 Оскарите ќе имаат поинаква атмосфера и сценографија. Еве прв поглед на изгледот во станицата Union Station за Оскарите, сработен од архитектонското студио Rockwell Group, чија сценографија потсетува на лаунџ-кафуле. Целта е на публиката да ѝ се понуди интересна сценографија, бидејќи може да им стане досадно доколку доделувањето се сведе само на Zoom квадратчиња. Затоа просторот на станицата ќе биде претворен во гламурозен салон, со мини амфитеатар, со маси и столици. Ова е сосема поразлично од вообичаените окаровски церемонии, но потсетува на концептот на вечера од првото доделување на Оскар.
Предниот тревник на станица ќе се трансформира во салон на отворено гостите ќе престојуваат пред и по шоуто, главниот настан на доделување ќе се биде внатре во станицата, а настапите во живо во театарот Долби.
Нема коментари