Пет девојки во црвено со балони и пакети на велосипеди направија обиколка во центарот на Скопје и во 18 часот во петокот (15.септември) пристигнаа на новата адреса на убавината. Со ова симболично беше означено отворањето на новиот поголем и помодерен салон на шведската козметичка компанија „Орифлеим“ (Oriflame) на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр 32. Лентата беше пресечена во присуство на љубителите на брендот, соработниците, модните новинари и гости од Шведската амбасада, кои можеа да го разгледаат просторот дизајниран од тимот на Think, како и новите производи на брендот за оваа сезона меѓу кои и парфемот Sublime Nature Tuberose, линијата Nov Age, Wellnes програмата, The ONE No Compromise Маскарата, колекцијата Giordani Gold модните додатоци и ширката лепеза од декоративна и превентивна козметика. Преселбата во нов простор се поклопува со прославата на 50-тиот јубилеј на компанијата Oriflame на глобално ниво, а кај нас е присутна 21 година.
Oriflame од денеска на нова адреса во Скопје #Oriflamemacedonia #stylistmk @oriflamemk A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари