Сончевото време искористете го за да организирате пикник со пријателите и блиските во парк, во двор, на викендичка или во некое блиско излетничко место. Овие средби најчесто се спонтани и се збогатени со оброци што се подготвуваат на брзина и освежителни пијалаци – мини сендвичи, парчиња сирење и зеленчук со сос, разни салати, оладено овошје, вино, домашна лимонада… И сето тоа спакувано и послужено на интересен начин, со шарен прибор и салфети со привлечен принт. Еве неколку интересни и не толку комплицирани идеи – ладење на лименки во големо бронзено тенџере, пакување на детските грицки во пластични садови во различни бои, салати спакувани во тегли, користење на пластични гајби како масички за служење храна, мали шатори во кои малите може да дремнат во текот на денот, подготовка на коктели во мали тегли, замрзнување на парчиња лубеница наденати на дрвени стапчиња за полесено јадење, повеќе ќебиња распослани на трева за пикник забава за поголемо друштво…
Нема коментари