До 5 септември трае конкурсот за брендирање на новиот производ на компанијата „Тиквеш“, гроздов мед, во рамки на четвртото издание на Skopje Design Week, што ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли ан.Награда за најдоброто решение изнесува 2.000 евра. Изборот на најкреативното решение за брендирање на новиот производ ќе го направи меѓународно жири. Очекувањата се дека високото реноме на ВВ „Тиквеш“, како и вредноста на самиот производ што треба да се брендира, ќе привлечат голем број креативци жедни за афирмација.
Skopje Design Weekна секое свое издание се обидува да поттикне соработка помеѓу деловниот сектор и креативната индустрија. Еден таков успешен пример за спој меѓу бизнис секторот и креативната индустрија е минатогодишниот меѓународен повик за дизајн на етикета на врвно македонско вино од винарската визба „Тиквеш. Резултат од оваа соработка е лансирањето на пазарот на виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“, кое го краси етикета која ја освои првата награда минатата година- дело на авторката Дијана Димитриевска.
Повеќе за конкурсот и за апликацијата може да најдете на страницата на Skopje Design Week.
Нема коментари