После серија откачени бои и техники на боење на косата нов хит на Инстаграм е опал – колор техника која името го добила по скапоцениот камен и која претставува спој на бисерна и светло розова боја, со преливи на сина, виолетова и зелена. Оваа боја е како резултат на млечна мешавина на металик-розова и шербет-портокалова, речиси како како стопен шарен сладолед. „Верувам дека меките и нежни бои ќе доминираат во трендовите на коса во 2018 година“, изјави познатиот фризер Мајкл Ловенштајн во интервју за бјути магазинот Allure.
Ловенштајн го создаде овој опалесцентен тренд за неговата сопруга Мелоди, во нивниот салон Ross Michals во Вашингтон. Прво ѝ ја осветли косата во платинесто руса, а потоа употреби мешавина на виолетови тонери за да добие пастелен финиш. Крајниот ефект на опал косата треба да биде светла боја со бисерен сјај и лесни тонови во други бои. Фризерите велат дека е лесна за одржување, но за да ја постигнете оваа боја треба сепак да посетите добар колор мајсор во фризерски салон.
Нема коментари