Насловена како „Мојот Сен Лоран“ оваа фотосесија што е испачатена во априлскиот број на Vogue Русија инспирирана е од францускиот дизајнер Ив Сен Лоран и женскиот смокинг што го популаризираше во 70-тите години, како и од неговите пријателки и музи Бети Катру и Лулу де ла Фалез. Пред објективот на Маријано Виванко позираат Матијас Сурброн како иконичниот Сен Лоран, Надја Бендер ја „глуми“ де ла Фалез, а Фани Франсоа е во улогата на Катру. Модната уредничка на Vogue Олга Дунина тројцата модели ги стилизираше во облека која потсетува на дизајнерскиот печат на Ив Сен Лоран, како задолжителните женски костими и светкавите парчиња, а се селектирани од пролетните колекции на висока мода на „Шанел“, „Версаче“ и „Армани“.
Нема коментари