„Хејтерс гона хејт“, „Ноу скул лајк олд скул“ и „Секси сум си“ се новите интересни написи испишани со кирилица на маичките по кратки ракави на веќе добро познатиот урбан бренд „Омајгад“. Графичкиот дизајнер Гоце Велески, кој стои зад оваа етикета, најавува забава за промоција на новите пролетни модели наменети за двата пола, како и на маички за најмладите. Журката ќе се одржи на 18 април, почнувајќи во 12 на пладне, па сè до после полноќ, во кафе бар „Љубов“. За добрата забава во текот на денот ќе се погрижи диџеј Васо, а подоцна грамофонот ќе го преземе Game Over. Деновиве со домашна журка, весели млади лица, диџеј и позитивна енергија Велески, во соработка тандемот Ани и Дими, сними промотивна фотосесија за новите маици.
-Со Ани и Дими за фотосесија зборувавме многу време, со мал милион замисли, идеи преправки доправки, и некако си дојдовме на место да се договориме со ГОТОВО ова го сликаме. Сесијата се одвиваше во станот во кој живееме со мојата девојка Мери, па при реновирање на истиот целосно го дизајниравме по наш вкус, така да исто како и дизајните на „Омајгад“ што ме отсликуваат мене, така и целата фотосесија беше во мој стил- изјавува Гоце Велески.
>> Каква беше атмосферата за време на фотосесијатаи кој сè се појавува како модел ?
-Ауф, атмосфера лудило Баш си напраивме домашна журка, сè на сè бевме собрани осум луѓе, го затемнивме цел стан, пуштивме музика почнавме да пиеме виски и се дешаваа чудесии Главни ликови во фотосесијата се Ангелина Блажеска (Angelina Euler) позната по безброј фотосесии и настапи на FWSK, Aлександра Азманова (Alekk Potter) која ја имаме видено на неколку билборди, а највеќе ја знаеме од блогот Хаштаг Љубов. Александра се погрижи и за шминката (исто убер позната на Инстаграм по феноменалната шминка). Васко Нетковски (Dj Vaso) кој е познат скопски „Диџејсаурус” и беше задолжен за автентичноста на журката (читај донесе грамофони миксети плочи) и Јанко Смилевски, чие презиме го дознав од пред скоро, бидејќи сите го знаат како Јан Ко Нен, убавиот дечко од „Љубов“. А, во некои фотографии се појавуваме и јас, Мери, Ани и Дими бидејќи дел се случуваше спонтанто и навистина се забавувавме Не можам да опишам колку сум задоволен, иако сум работел на доста фотосесии, оваа дали дека беше баш лично моја, некако ептен ќејфски ја истеравме, немаше „стресни” ситуации, и целата фотосесија беше баш онака, другарски. Се собравме да направиме нешто различно.
>> Колекцијата е наречена „Омајгад презентира шаренила“ . Дали „Шаренила“ се однесува на изборот на бои или на шаренилото од размислувања и пораки испишани на маиците?
-Ако aприл беше боја ќе беше шарена. Тоа цел живот ми се врти во глава, зашто во aприл можеш да тргнеш од Ченто до Центар по кратки, а на враќање да бараш јакна и чизми. Шаренилата во новата колекција има две значења, првото е дека за прв пат правам ист дизајн во различни бои, а второ – освен маици за возрасни ја зашаренуваме целата палета на „Омајгад“ со #Кидседишн маици.
>> Што те инспирира за маиците, дали носат некоја посебна порака?
-Секој ден нешто повеќе ме инспирира, сè што се случува низ градов, сè што ќе видам, слушнам, но конкретно за новата колекција најголема инспирација ми беше роденденската журка што се случи во септември во „Љубов“. Толку многу луѓе, сите среќни радосни весели, супер музика, се денсаше, се смеевме… Беше толку многу прекрасно што уште следниот ден почнав да правам нацрти и планови за новата колекција. Дури и сам себе си се изненадив дека прв пат во животот нешто беше готово безмалку три месеци пред официјална промоција.
>>Новитет се двата посебни детски дизајни. Како дојде до идеја за направиш модели за најмладите и за натписите на истите? Дали тоа се фрази што најмногу ги паметиш од твоето детсво?
-Да, за прв пат се случува да направам маичка која нема буква, туку има бројка за големина. И беше интересно, во исто време напнато, па правев мини фокус групи со неколку родители да видам дали ќе „запали” идејата. Идејата да се направат детските маички беше иста како идејата да се направат модели за возрасни. Немаше досега направено поинакви маички, сè што гледав низ град беше „Принцезата на мама”, „Убавиот на тато”, „Мал сум ама сум главен”… Не дека има нешто лошо, но лично мене ми звучат премногу клише и здодевно. Исто така, доста млади родители и тетки, вујковци, кои го сакаат „Омајгад“, ме прашуваат кога ќе правам детски маици, па решив конечно да ги задоволам барањата на моите фанови. За првиот дизајн („Тебе да те серат кокошките“) инспирација ми е мајка ми, зашо таа често си го користи изразот „Да те серат кокошките“, а јассекогаш ја карам дека не е убаво така да им вика на децата. А вториот дизајн, си дојде како чиста коинциденција на еден невин мал ум, што не по сопствена волја имаше направено многу незгоден збор со помош на коцки со букви („Факоф“).
>> Каде ќе може да се набават маиците по промоцијата, покрај онлајн продажбата на твојот сајт omajgad.mk?
-Судбината на маиците се надевам дека ќе им биде со краток рок, т.е. дека ќе бидат прифатени од страна на публиката и буквално ќе бидат разграбани. Тераме со иста фора, на 18. април почнуваме во 12 часот со продавање на маичките во „Љубов“, а потоа веќе од наредниот ден ќе почне онлајн птодажбата со работа. Нарачката преку сајтот се врши веднаш, се верифицира со купувачот и во рок од 48 часа купувачот ја добива својата маичка на врата, без никакви додатни трошоци. За сето ова да функционира беспрекорно најзаслужни се дечките од „Веником“, кои си ја завршија работата повеќе од одлично.
>> Твојот бренд „Омајгад“ за кусо време стана еден од најпрепознатливите урбани етикети. Гледано наназад , дали се надеваше на ваков прием кај нашата публика и какви коментари, забелешки или пофали добиваш?
-Најискрено не очекував толкав „баз“ да направи „Омајгад“, ама некако за кратко време им влезе на луѓето под кожа, почнаа да го зборат, ко за чудо ме препознаваат низ град као „Еј, ти си тој со Омајгад маиците? Закон, топ, браво”. Кога го почнав проектот „Омајгад“ ги истрошив сите пари што ги имав и дадов отказ, па неколку дена пред промоција седев пред кутиите со маици и им зборев како ненормален Ама супер си проаѓа, еве година ипол, четврта по ред колекција, од претходните колекции има уште скоро ич маици, така да, ептен сум задоволен од тоа што стана. И еве вака јавно да ветам, нема да ме удри славата во глава и да продолжам со правење лоши дизајни, туку ќе тераме само во нагорна линија. Коментарите се пречесто позитивни, удираат на его бустинг максимално, а негативните коментари се претежно кога ќе снема од маиците и редовно добиваме пораки ТАПА СТЕ ШТО НЕМА И слушам низ град и хејтерски муабети, ама нели „Хејтерс гона хејт“.
>>Препознатлив знак за маиците се симпатичните написи, напишани на кирилица. Како се „раѓаат“ идеите за написите. Дали твоите клиенти или пријатели ти сугерираат некогаш по некој слоган?
-Слоганите се раѓаат кога ќе седнам да работам, ама нешто друго, не кога работам за „Омајгад“. Најчесто тие се тука од секојдневни разговори, што би се рекло на шала на смеа си доаѓаат и остануваат. Секој ден ни стигаат пораки со предлози за да направиме некој испис како дизајн на маица, и до сега не стигнал некој што би бил унисекс, многу често се некако интимни за сами себе, или политички некоректни
>>Маиците ги носат и момчиња идевојки, но каков тип на луѓе најчесто ги набавуваат? Можеш ли да ги дефинираш „омајгад“ клиентите?
-Најјаките фраери и фраерки купуваат „Омајгад“ маици Не можам точно да ги дефинирам, единствено што можам да кажам за сите е дека се супер дечки вака на прв поглед. Возрасна граница и нема баш, приметувам дека се купуваат доста маици за подарок за другари и другарки, родендени, дипломирања и такви манифестации. Многу често ги купуваат оние фрази што најмногу им “лежат” во стилот на зборење, некако емотивно си се приврзани за баш тој дизајн и ако го нема се случува моментот на рушење на сите соништа.
>>Какво е чувството кога на улица, кафуле, на работа …ќе налеташ на некој со маица со твој потпис?
-Еј, се редувам као мало дете Бидејќи досега продажбата идеше во прво лице, т.е. јас им ги доставував маиците, ќе си напраевме по два три реда муабет баш за тоа „Како ти текна ваква маица, шо се следни планови“ и некој таков рандом муабет, што после тоа кога ќе се видиме веќе сме на „Еј здраво, шо праиш, шо има”. А инаку чувството кога ќе видиш некој дека носи твоја маица е феноменално, нешо као прв бакнеж
Нема коментари