Само три месеци по промоцијата на колекцијата „Омајгад за Скопје, со љубов”, графичкиот дизајнер Гоце Велески најавува нова линија на маици. Свежите, летни, креации на брендот „Омајгад“ во петок (13 јуни) ќе бидат промовирани во скопскиот урбан локал, „Концепт37“. „Омајгад“ се етаблира како бренд со кул слогани кои на сите им се допаѓаат, и кои се испишани на македонски јазик. Така е и со новата линија, која има три типа на принтови, испечатени на маички по кратки ракави во неколку бои. Ова е третата колекција на „Омајгад“ маичките под наслов „Кирилицата што се носи 2.0″.
За добрата забава на настанот, што ќе почне во 20 часот, ќе биде задолжен Трајче Петрушевски – Game Over.
Прочитајте го интервјуто со Гоце Велески што Stylist.mk го објави пред три месеци.
Нема коментари