Трендот на враќање на модата од 70-тите години на минатиот век и нејзино прилагодување на современата жена доминира во колекциите на поголемиот број на модни куќи и етикети за секојдневна мода. Тој најде примена и во уличната мода, како и на црвениот килим. Бројни блогерки, трендсетерки, музички и филмски ѕвезди се појавија во кроеви и шари што потсетуваат на лудите 70-ти.
Една од најуспешните во скротување на стилот од таа деценија е актерката Оливија Вајлд. Месецов, во неколку прилики, на црвениот килим, но и надовор од него, таа покажа повеќе суптилни решенија за носење на овие модели. Иако станува збор за лежерни креации, кои лесно може да најдат примена во секојдневниот бохо стил, таа успеа да ја извлече најлегантната варијанта од шарените фустани, миди моделите и ѕвонестите панталони и да презентира стајлинг соодветен за на свеченост односно за на црвен килим.
Креациите се во смирени темни тонови, се движат од црвена, сина, кафена, крем, темнозелена, темноцрвена, црна и други. Комбинирајќи ги со чевли со коцкаста потпетица, минимална шминка и права пуштена куса, не остави ништо на случајноста. Иако се разликува од останатите дами на настаните, таа воопшто не отстапува од својот модерен урбан имиџ. Вусшност со кроевите од 70-тите ја нагласува својата женственост и романтичност. Во продолжение се неколку варијанти на овој тренд износени од Вајлд на неколку премиери во Њујорк и на Tribeca Film Festival.
Нема коментари