Холивудската актерка Оливија Вајлд е именувана за нова гласноговорничка и заштитно лице на шведскиот бренд за секојдневна облека H&M. Следејќи ги стапките на Амбер Валета и Ванеса Паради, триесетгодишната Оливија ќе ја промовира еколошката линија H&M Conscious Exclusive.
-Одржливоста е една од моите најголеми страсти. Се гордеам што сум лице на H&M Conscious Exclusive колекцијата, која ја покажува сета убавина на одржливоста-изјави Вајлд.
Таа деновиве позираше за промотивна фотосесија со креации од еко-линијата. Инспирацијата за новата колекција се естетиката на афтиканската, азиската и индиската култура, што се гледа во кроевите и деталите. Фустаните се рачно исцртени принтови дизајнирани специјално за оваа линија. Сите креации и модни додатоци се изработени од еко-материјали како органска свила, органски памук, лен, рециклиран полиестер и друго.
Нема коментари