Естетиката на африканската, азиската и индиската култура е пресликана во шарите, кроевите и деталите во новата пролетна еко колекција на H&M, чие заштитно лице е холивудската актерка Оливија Вајлд. Глумицата беше именувана за нова гласноговорничка и заштитно лице на шведскиот бренд за секојдневна облека кон крајот на 2014. Следејќи ги стапките на Амбер Валета и Ванеса Паради, триесет и едногодишната Вајлд ја промовира еколошката линија H&M Conscious Exclusive.
Деновиве беа промовирани и остатокот од фотографиите што таа ги сними уште во декември. Доминираат сива, бела и црна боја, а претежно застапени се здолништа и фустани, кои се рачно исцртани специјално за оваа линија. Сите креации и модни додатоци се изработени од еко-материјали како органска свила, органски памук, лен, рециклиран полиестер и друго.
Нема коментари