Една од најубавите актерки во Холивуд, Оливија Вајлд, позната по своите продорно зелени очи, бел тен и природно кафена коса за look.co.uk ги откри тајните на својот беспрекорен изглед. Глумицата, која вчера наполни 31 година, вели дека добрата кожа и тен се постигнува со здрав живот и одмор. Додава дека сака да ја негува кожата, секогаш го мие лицето пред спиење. Користи квалитетни креми и чистачи за лице , најмалку еднаш неделно.
>> Што користите за да ги одржите вегите да изгледаат секогаш средени?
-Природно моите веќи се доста разредни, па ги исполнувам со помош на одлично кафено моливче. Ги немам кубено 10 години, бидејќи еднаш , кога бев помлада, претерав и тие никогаш не пораснаа!
>>Дали ги применувате советите за убавина од шминкерите?
-Да, моливчето за очи Revlon ColorStay Liquid Eye Pen е одлично за постигнување на мачкин поглед. Плус, останува долго на окото и лесно се нанесува.
>> Ви се случило ли големо промашување во фризурата?
-Повеќе околку што имам време да ги набројам. Ја бојадисував косата толку многу пати за потребите на работата, што сум изнендена што сè уште е на мојата глава. Еднаш, пред многу години , ја бојадисав од руса во темнокафена, а испадна зелена со црни линии. Тоа не беше баш добар изглед.
>>Кога сте се почувствувале најубаво?
-Од моментот кога сум вљубена во својот сопруг (Џејсон Садекис), што е доаказ од каде почнува сè.
>> Како се опуштате по напоред ден?
-Го обожувам маслото за тело на Caudalie. Го прскам по туширање, со што се постигнува фин блескав ефект. А неговиот мирис, кој е спој на цветни и двени тонови, е прекрасен.
>> Ако имате можност да користите три производи за убавина до крајот на својот живот, кои би ги избрале, и зошто?
-Тоа би биле дневната крема на Dr Hauschka (Rose Day Cream), маскарата Revlon PhotoReady 3D Volume и Moroccan Oil за мојата коса. Овие нешта прават да се чувстувам свежо и подготвено за надворешниот свет.
>> Кои се вашите идоли за убавина?
-Отсекогаш сум ја сакала Кетрин Хепберн, со нејзните нагласени веги и јаболчници. Се душевувам на нејзната безгрешна естетеика. Неодамна носев темноцрвен кармин во нејзина чест. Revlon има создадено таков со финиш како кадифе.
Нема коментари