Италијанската компанија Aquazzura ги лансира првите промотивни материјали и видеото за настанувањето на новите чевли со потпис на модната икона Оливија Палермо. Таа се појавува и како заштитно лице на капсулната линија, која содржи пет основни дизајни, од кои се развиени 23 модели. Чевлите веќе се во продажба на Net-A-Porter по цена од 600 до 1.625 долари. Застапени се антилопски чизми до глужд со висока потпетица, сандали со кристали, римјанки на потпетица и класични црни чевли со транспарентен дел. На видеото се преставува процесот на создавање на чевлите, од скица до финален производ. Претставена е и изработката во фабрика.
Нема коментари