Секогаш отмената и женствена Оливија Палермо повторно е заштитно лице на брендот за луксузен накит Piaget. Во својот препознатлив современ елегантен стил ја претставува новата кампања за колоритната Possession Color линија. На промотивните фотографии таа носи ѓердани,впечатливи прстени и алки кои се дефиниција за модерен луксуз.
-Боите се нешто во што многу уживам во животот. Драго ми е што сум вклучена во новата кампања. Мислам дека со колекцијата може да ги видите различните начини на кои жените може да ги носат парчињата од Possession Color и како тие им даваат самодоверба-вели Палермо.
Нема коментари