Впечатливиот и модерен изглед не мора да чини многу пари. Ова многупати досега го докажала трендсетерката Оливија Палермо, која знае да избере и да износи клучни парчиња облека од high street брендовите, како „Зара“, H&M или „Топшоп“. Нејзината сериозна модна врска со „Зара“ ја покажала повеќе пати, со изборот на здолништа, фустани, преку чевли со виоки потпетици, па сè до бомбер јакни, кои ги носела не само на приватни настани, туку и на црвениот килим. Последна во низата на успешни стајлинзи со парчиња од „Зара“ е макси бохо-фустанот што го носеше минатата недела. Таа покажа како да се комбинира овој тренд летово, а и го потврди својот афинитет кон бохо-стилот оваа сезона. Црниот модел со бели ситни цветови го комбинира со кафени чевли на високи потпетици со врвци и со црно-бела плико чанта. Стајлингот е заокружен со природно пуштена коса и минимална шминка.
Нема коментари