Омилената американска ит-девојка Оливија Палермо се здружи со брендот Westward Leaning и креираше колекција на гламурозни очила за сонце кои може да се купат само интернет страницата на компанијата. Палермо, позната по својот непогрешив моден стил кој е микс на скапи дизајнерски креации и парчиња од хајстрит-брендови, дизајнираше 8 модели на очила кои се продаваат по цена од 210 долари.
Нема коментари