Модната ѕвезда Оливија Палермо во нова дизајнерска соработка, овојпат за брендот за накит BaubleBar креираше парчиња инспирирани од винтиџ-стилот. Нејзината колекција за BaubleBar е во духот на „сè што е смело е повторно ново“, и е инспирана од мешавина од трендови од модните писти и од современа интерпретација на винтиџ парчиња како брошеви, кристални украси, арт-деко ланчиња и обетки, разни алки ипрстени, но и животни и инсекти како мотиви на накитот. Оливија создаде колекција од 25 интересни парчиња кои веќе се продаваат на интернет страницата на брендот. Цените се доста достапни и најскапато парче не чини повеќе од 100 долари.
Нема коментари