Трендсетерката Оливија Палермо дизајнира капсулна колекција на чевли за италијанскиот бренд за луксузни обувки, Aquazzura. Линијата, која содржи шест нови модели, ќе се најде на продажба на 25 август на сајтот Net-A-Porter. Моделите ќе се продаваат по цена од 600 до 1.626 долари. Палермо креира чизми до глужд со висока потпетица, сандали со кристали, римјанки на потпетица и класични црни чевли со транспарентен дел. Тие содејствуваат со личниот стил на Оливија, која важи за една од најдобро облечените дами во светот.
-Не е тајна дека обожувам убави чевли. Навистина уживав во создавање на капсулана линија, која е своевидно пакување за преживување, за секоја пригода и за секоја жена, од било која возраст-вели 28-годината модна икона.
Таа често носи чеви од овој бренд и е негова неофицијална амбасадорка.
Нема коментари