Креативниот директор на париската модна куќа „Балман“, Оливие Рустенг, за новата ревија ги повика супермоделите и најактуелните манекенки во моментов Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Џордан Дан, Дуцен Крос, Алесандра Амбросио, Џоан Смолс, Лили Доналдсон да ги носат новите дизајни. Рустенг за пролет-лето 2016 предлага светкави и проѕирни ткаенини, карнери, антилоп, провокативни горни делови и припиени креаци. Манекенките ѕвезди беа во центарот на внимание повеќе отколку облеката која и не е многу за пофалба – како скроена за кланот Кардашијан-Кендал и далеку од успешните креации од неколку претходни сезони.
Нема коментари