Модната трендсетерка Оливија Палермо се појави на пролетната гала вечер на Њујоршкиот балет, облечена во тоалета од тул со деликатен, цветен вез од колекцијата на „Валентино“ за предесен 2015. Таа изгледаше бајковито, во што помогна и стајлингот, плетенката во стилот на Трнорушка и природната шминка. Комбинацијата ја дополни со алки украсени со камчиња, масивни прстени и чанта со реси.
Нема коментари