За време на модната недела во Милано ја забележавме Оливија Палермо во една поинакава интерпретација на класичниот мантил – комплет од кратко мантилче и здолниште кои ги следи елементите на кројот на мантил. Креацијата е во пастелно розова боја и Оливија го носеше на ревијата на брендот Philosophy. Изгледот го доплни со црна блуза, војнички чизми и мала плик-чанти со графички дезен. И се разбира, со заштитна маска.
Нема коментари