Познатата трендсетерка Оливија Палермо деновиве е забележана како носи еден модел на чанта во форма на кофичка украсена со неколку златни привезоци. Оливија во неколку пригоди се појави во истата чанта, но во различни бои и многу брзо ја заинтересира модната публика кој ја дизајнирал чантата. Станува збор всушност за нејзин дизајн осмислен за Meli Melo, лондонски бренд за модни додатоци кој Оливија многу го почитува поради квалитетната изработка и чии чанти често носела во минатото.
Новата Olivia Palermo x Meli Melo колекција ја следи потребата на Оливија за модел на чанта што самата би сакала да го носи во шик и елегантни, но и во дневни комбинации. Доаѓа во пет бои – жар црвена, темнобордо, нежно розова, бела и црна. „Обожавателка сум на брендот уште од основањето во 2005 година, па беше сосема природно ова обожавање да премине на следно ниво и конечно да соработуваме на нешто што резултираше со апсолутно прекрасната колекција што ја нарековме Severinе“, изјави Оливија за соработката.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари