Под насловот „Почеток без крај”, надежната дизајнерка на модни додатоци, Олгица Стефанова, утре (среда) во скопското Кафе „Ли“ ќе го претстави својот на рачно изработен накит од жица.
-Концептот за рачно изработениот накит претставува апстрактен, речиси нематеријален израз на современото, кој е инспириран од традиционалниот македонски филигран преку пристапот на современа интерпретација на уметничките занаети и вештини. Жицата проткаена низ монистра е обликувана со многу емоции, така што тие заедно создаваат неповторливи форми и патерни. Истражувањето на можностите да се обликува жицата се без крај и затоа се почеток на нешто ново, секогаш поинаку доживеано, видено, почувствувано… Уникатно, современо, безвремено, постојано- се вели во соппштението за настанот.
Стефанова е родена 1991 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, 2013 година, кога се запишала и на постдипломски студии на истиот факултет.
Има учествувано со проекти на повеќе годишни изложби на студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС. Kaко посветен вљубеник во уметноста, таа се занимава со сликарство и со изработка на накит уште од својата 13 годишна возраст. „Почеток без крај“ е прва нејзина самостојна изложба.
Нема коментари