До утре вечер во 23 часот трае гласањето за победникот на „Интернационалните бугарски модни награди ЕИРЕНЕ“, на кои финалист е Олгица Ѓоргиева, како единствена претставничка на нашата земја. Вашиот глас за македонската креаторка можете да го дадете до 5 јули на Facebook. Taa е во конкуренција за највисокото место меѓу трите финалисти од регионот за Европа и Русија.
Во претходната етапа на изборот, кој се базира на гласови преку Facebook, покрај Олгица беа номинирани и Chic Undercowear на Бобан Илиевски и модната куќа „Елена Лука“. Ѓоргиева успеа да се пласира во финалето на третата група, заедно со дизајнерите Амела Радан од Босна и Херцеговина и KAMENSKAKONONOVA од Украина.
Минатата година во категоријата со дизајнери од регионот за Европа и Русија победи нашата Росица Мршиќ, во финалето меѓу светските дизајнери го освои петтото место, а ја зеде специјалната награда за најголем број на гласови од обожавателите на „Фејсбук“. За Мршиќ следат серија бенефити како на пример награден фонд кој ќе ѝ овозможи претставување по две сезонски колекции во следните пет години на Бугарската модна недела, награда за организирање дипломатски прием во Софија во чест на Македонија и на Мршиќ, организирање трговски состанок и работилница со дизајнерски консултации, како и изложбен салон во рамките на Модната недела во Пловдив.
Нема коментари