Позната по своите женствени, елегантни и романтични креации, дизајнерката Олгица Ѓоргиева останува доследна на својот стил и во новата колекцијата „Senses” (Сетила), која ќе ја промовира на претстојниот Моден викенд-Скопје. Пролетниот цут, кој ги буди сите сетила, бил инспирација за креаторката. Креациите премиерано ќе може да ги погледнеме на првиот ден на модниот настан, на кој Олгица традиционално се претставува од првото издание.
Промоцијата на новата колекција ќе биде…. во салонот на „Порше Македонија“ на првата вечер на Моден викенд-Скопје на 1. Април (петок) со почеток во 21 часот.
Новата колекција е именувана… „Senses” (Сетила) и е наменета за сезоната пролет-лето 2016.
Инспирација за колекцијата ми беше… животот претставен преку сетилата на нашата душа, каде што главен мотив се среќава цветот и црвената боја.
Застапени се… околу 15 изгледи со минималистички израз и доработки кој се карактеристични за мојот стил на работа. Оваа сезона доминантна е црвената боја, а застапени се и бела, зелена и црна. Користев стилизирани и облагородени материјали, жоржет, памук и слично.
Креациите се дополнети… минимално, со неколку модни додатоци, накит и чанти.
Моделите се наменети… за жени со минималистички израз, кој акцентот го ставаат на суштината. Во исто време е елеганто, женствено и моќно.
Во прв ред на ревијата ги очекувам… дел од моите клиенти, мои соработници, новинари и личности од јавниот живот.
По Модниот викенд-Скопје моделите ќе може да се набават… Во моето модно ателје во центарот на Скопје.
Линијата ја реализирав …самостојно, а претставувањето е со поддршка на организаторите на FWSK.
Нема коментари