Во терминот кога за многумина завршува работниот ден и недела, петок, 17 часот, младата но веќе етаблирана креаторка Олгица Ѓоргиева ќе ја претстави својата нова комерцијална колекција посветена на деловните жени. На несекојдневен начин, во Меморијален центар „Никола Кљусев“ ќе бидат претстваени 10-те модели од предновогодишна бизнис-колекција, која е своевидно продолжение на линијата „Ослободување“, која Ѓоргиева ја промовира на Модниот викенд-Скопје.
Новата приказна е наречена Unrestricted, преку која креаторката сака да ги ослободи жените од формалноста и стереотипите во бизнис-стилот. Колекцијата е инспирирана од урбаната деловна жена, која балансира со бизнис- динамиката и убавината.
Во улога на модели ќе се појават 10 дами, успешни бизнисменки, менаџерки и јавни личности. Меѓу нив се: Марта Н. Грнарова, Анета Пешева, Снежана Лупевска, Билјана Трајковска, Билјана Зафирова, Љупка Наумовска, Ли Вебер Турковиќ, Славица Николовска и Билјана Трендафилова.
Нема коментари