Познатат дизајнерка Олгица Ѓоргиева вчера и денеска им дели совети за матурскиот изглед на 10 средношколци во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје. Моника Себиќ, Александар Кардашевски, Пепита Парцанска, Трајче Галевски, Мима Ѓоргиева, Глигорчо Петков, Дарко Николиќ, Ангела Доликоска, Никола Станков и Биљана Таламаноска добија несекојдневна можност да слушнат предлози и стилски решенија од прва рака од нашата етеблирана креаторка.
Тимот на Stylist.mk вчера присутвуваше во периодот кога Олгица ги советуваше Пепита Парцанска и Александар Кардашевски. Таа им посвети по еден час во кој детално ги разработија идеите за идеалниот изглед и ги докомплетираа стајлинзите со облека понудена водел од продавниците во „Рамстор“.
Кампањата наречена „ Твоја матура наш стилист“ и се одржува во организација на Рамстор во соработка со Олгица Ѓоргиева. Матурантите беа повикани да ја дополнат реченицата „Мојата матурска вечер не може да помине без… Беа одбрани 10 матуранти и тие заедно со модната креаторка во продавниците на Рамстор кои се дел од кампањата се обидоа да ја најдат својата совршена матурска комбинација. Тие што се одлучија да купат добија специјално намалување и подароци од „Рамстор“.
Нема коментари