Истовремено и сопруга и мајка на две дечиња и посветена на семејниот бизнис во антикварницата „Пела Антик“, Олга Трајковска Маниќ веќе 6 години е дел и од големото семејство на AVON. За себе вели дека нејзина најголема љубов е реставрација на стар накит, предмети и изработка на традиционален македонски накит – филигран, меѓутоа со голема посветеност наоѓа време и за својата друга пасија – AVON.
>>Како правите рамнотежа помеѓу вашите обврски во AVON и вашите професионални, семејни и лични обврски?
-Човек кога внесува љубов и посветеност кон тоа што го работи на сите полиња, секогаш наоѓа време за сè.
>>Што ве мотивираше да поченете да градите кариера со AVON?
-Мотивацијата ја најдов во големиот број можности што ги нуди AVON, како голема компанија со квалитетни производи.Со добро работење може многу лесно да се напредува во системот.
>>Што ве мотивира во работата со AVON денес?
Сè уште ме мотивира таа можност за напредок, како и добрите и издржани програми кои компанијата ги воведува, но и постојаната можност за запознавање на нови луѓе со различни идеи и карактери. Во AVON никогаш не си сам и секогаш си опкружен со интересни луѓе.
>>Што научивте во AVON? Кои од AVON обуките ви оставија најсилен впечаток?
-Начинот на учење и развивање во AVON е помогнат со низата обуки кои компанијата бесплатно ги организира за своите претставници и лидери. Обуките се одлични и даваат поголема сигурност во работата со групите. Лично би ја издвоила Лидерската академија и D-средбата.
>>Како ви помага AVON да заработите?
-AVON ве стимулира самите да заработите со разните бонуси и наградувања, доколку добро сте ја завршиле својата работа. И лично сум добивала големи награди и признанија, како и бонуси од по 50.000 денари за само една кампања.
>>Што сакате да постигнете во AVON? Кои се вашите соништа во AVON?
-Мојата цел е со посветена работа да го достигнам највисокото скалило во AVON, да го достигнам врвот.
>>Која е вашата главна стратегија за зголемување на Вашиот тим на Претставници и заработка?
-Пред сè, важно е секој Претставник да биде добро и квалитетно информиран навреме за сите новости, програми, бенефиции, попусти… Само со добра, квалитетна и навремена информација се постигнуваат резултатите, а со самото тоа може и да се зголеми кругот на клиенти и потенцијални претставници.
>>Кој е вашиот омилен AVON производ? И опишете што ви се допаѓа кај тој производ – квалитетот, цената, комбинацијата од двете?
-Мојот омилен производ е програмот на геловите за туширање Senses. Имаат извонреден квалитет со долг и свеж мирис кој се задржува, и имаат коректна цена за секој потрошувач.
>>Што планирате да правите во следните 3 години?
-Со мојот колега и партнер Емил Нацка имаме за цел да воведеме и обучиме многу нови членови, со што ќе го прошириме и зголемиме големото семејство на AVON.
>>Кој е моментот во AVON на кој најмногу се гордеете и зошто?
-Квалитетниот избор на вработени лица и нивната посветеност кон работата го прави AVON најпродаваниот козметички бренд во Македонија, што мене лично ме право особено горда.
Нема коментари