Наскоро на македонскиот пазар следува нешто што ќе ја изненади целата јавност. Познатиот Шеф Огненовски подготвува нешто големо и многу вкусно. Нешто што секој би посакал да го има во својата кујна. Инспириран од свежите и здрави продукти кои ги нуди нашата држава и секако современата технологија за приготвување на истите, Шеф Огненовски не можеше да се воздржи при креирање на ова безвременско дело. Целото искуство собрано низ годините, неговата креативност и чувство за вкус и естетика ги преточува на хартија која освен во Македонија ќе биде достапна и во други делови од светот каде ќе докажеме дека македонската кујна е една од најдобрите светски кујни. Како што веќе се претпоставува станува збор за готвач насловен „Модерна македонска кујна“.
Нема коментари