Актерката Дру Бариумур е лицето од насловната на мартовскиот број на американски Harper’s Bazaar, на која носи бела креација од колекцијата на висока мода на „Шанел“, но повпечатливи се фотографиите од внатрешниот едиторијал. На една фотографија ја гледаме седната на столица и облечена во модел од „Живанши“ и со огин кој изгледа како да гори од нејзината глава и од дланките, референца на нејзиниот филм Firestarter (1984), во кој глуми девојче со моќ да потпалува работи. Фотографиите ги направи Жан-Пол Гуд.
Нема коментари