Младиот македонски графички дизајнер, кој се има школувано и живее во САД, Огнен Трпески е во конкуренција за најдобро креативно решение на патики за DC Shoes. Неговиот дизајн е еден од 2.000-те пријавени од целиот свет. Гласањето, кое го организира една од светските најголеми модни компании-DC Shoes, се одвива онлајн , а ќе трае до понеделник (29 септември). За поддршка на Огнен може да гласате тука.
-Се гласа преку страната Talent House, тие се креатори на натпреварот. Секогаш кога ќе има некој натпревар на светско ниво се трудам да учествувам, зашто тоа и ми е професија. Завршив факултет за дизајн во Америка и моментално таму работам. Дизајнот е инспириран од повеќе животни сфери. Имаат модерен стил, форма на движење, елеганција и иновитет-вели Трпески, кој е роден во Охрид, а веќе подолго време живее во Њу Џерси во САД каде дипломираше графички дизајн.
Огнен има освоено повеќе награди за дизајн досега. Пред две години неговото решението за дизајн на корнфлекс Cheerios победи на изборот за најдобар дизајн. Трпески воедно стана заштитно лице на кампањата против глад која се организира во светски рамки. Тогаш, македонскиот креативец заедно Крис Гарднер (авторот на филмот Pursuit of happines со Вил Смит) ја пушти во продажба новата колекција од 250 илјади корнфлекс производи со победничкиот дизајн. Освен на производите на корнфлексот неговиот дизајн се пјави и на огромни постери во маркетите низ Америка, а испечатени беа и илјадници маици. Во неговата успешна биографија е запишана и наградата од публика за дизајн на дуксер креиран за поп-ѕвездата Мајли Сајрус. На пошироката македонска јавност и е познат и по своите песни и дуетот со Андреј од ДНК.
Нема коментари