Македонскиот графички дизајнер кој живее и работи во САД, Огнен Трпески, доби најмногу гласови од публиката на изборот за најдобро креативно решение на патики за DC Shoes. Меѓу 2.000-те пријавени дизајни од целиот свет, неговиот предлог победи во категоријата за интернационален избор на заедницата. Гласањето, кое се одвиваше онлајн, го организира една од светските најголеми модни компании-DC Shoes. Дизајнот со кој Огнен конкурираше е инспириран од повеќе животни сфери. Патиките имаат модерен стил, форма на движење, елеганција и се иновативни. За победник на Design the Trase Shoe for DC Shoes е именуван Ese Izhi од Мексико.
Трпески е роден во Охрид, а веќе подолго време живее во Њу Џерси во САД, каде што дипломира графички дизајн. Ни изјави дека секогаш кога ќе има некој натпревар на светско ниво се труди да учествува, зашто тоа и му е професија. Има освоено повеќе награди за дизајн досега. Пред две години неговото решението за дизајн на корнфлекс Cheerios победи на изборот за најдобар дизајн. Трпески воедно стана заштитно лице на кампањата против глад која се организира во светски рамки. Тогаш, македонскиот креативец заедно Крис Гарднер (авторот на филмот Pursuit of happines со Вил Смит) ја пушти во продажба новата колекција од 250 илјади корнфлекс производи со победничкиот дизајн. Освен на производите на корнфлексот неговиот дизајн се пјави и на огромни постери во маркетите низ Америка, а испечатени беа и илјадници маици. Во неговата успешна биографија е запишана и наградата од публика за дизајн на дуксер креиран за поп-ѕвездата Мајли Сајрус. На пошироката македонска јавност и е познат и по своите песни и дуетот со Андреј од ДНК.
Нема коментари