Официјално отворен пред неполна седмица, Off Paris Seine е хотел и бар кој плови на реката Сена во Париз, прв од таков вид, усидрен во близина на мостот Pont Charles de Gaulle, виадуктот d’Austerlitz и на Cité de la Mode & du Design. Оваа модерна градба од дрво, цинк и стакло е дело на Жерар Ронцати и веќе ги прими првите гости во некои од 58-те собите кои чинат од 160 до 450 евра.
Хотелот има 4 ѕвезди и е менаџиран од групацијата Elegancia Hotels. Модерните соби се дизајнерирани од Маурицио Галанте и Тал Ланкман и претставуваат омаж на Ле Корбизје. Дел од уникатното искуство е и надворешниот бар со панорамски поглед, малиот правоаголнест базен и ресторанот кој нуди јадења направени од локални производи.
За да стигнете до Off Paris Seine, може да користите метро – станицата Gare d’Austerlitz е отспротива хотелот (линија 5), а на неколку минути пешачење е Gare de Lyon 9 (линија 1 или 14). На 15 минути пешачење од хотелот е и познатата катедрала Нотрдам.
Нема коментари