Ноншалантно и со многу шарм, француската актерка Одри Тоту ја износе креацијата од „Прада“ на премиерата на нејзиниот нов филм, Mood Indigo, во Њујорк. Таа повторно ја покажа својата шик страна со својата препознатлива кусо потстрижена коса, минимална шминка и иделно избраниот кремаст фустан со виолетова марама од колекција есен-зима на италијанскиот бренд. Дискретна, но модерна констраст направила со црвените сандали. Овие чевли ги носеше и вчеравечер на премерата на новиот филм на Вуди Ален, Magic In The Moonlight. За оваа прилика избрала бел фустан од тантела, во кој изгледа романтично и носталгично.
„Прада“ е изборот на Тоту и на другите нејзини јавни појавувања на срвениот килим. Се паметат бронзениот комбинезон со црни цветови на галата на Vogue Foundation, пред една недела, како и триколорниот асиметричен фустан со црвена, бела и црна на забавата на UNITAID пред неколку месеци.
Во филмот Mood Indigo на еден од најкреативбите режисеруна денешницата, Мишел Гондри, таа ја толкува главната женска улога. Анимациски спектакал ја потврдува неговата идејата за паралелни светови, претворајќи едноставана животна приказна во магичен универзум.
Нема коментари