Дознајте која нијанса на кармин најдобро им прилега на вашите години. Ако во вашите 20-ти се дозволени јаки бои и екпериментирање со стилот, кога ќе наполните 50 години препорачливо е да употребувате розови тонови. Иако модерното доба не признава старосни граници и жените и во повозрасните години се охрабрени да бидат смели дами, сепак постојат некои правила – јаките корални нијанси повеќе им одговараат на помладите девојки, додека потемните кармини во бордо боја ќе направат да изгледаат постаро. Одиме со ред…
20+ Јаки бои
Девојките на оваа возраст може смело да експериментираат со боите и текстурите, па слободно може да бираат кармини во боја на мандарина или на циклама. Ако повеќе преферирате природни нијанси, тоа нека бидат природни тонови како боја на јагода, малина или грозје. Во однос на текстурата, може да користите секаква – мат, сјајна или седефаста.
30+ Сите нијански на црвена
Клучен момент е да ја изберере својата црвена боја, бидејќи ја има во повеќе подтонови. Ако имате кожа со потопла нијанса, на пример маслинеста, изберете црвена боја со портокалов тон. Ако имате потемен тен, изберете црвен кармин со кафена нијанса. На оние со посветол тен им одговарат кармини со ладни подтонови блиски до сината боја. За природен изглед наместо кармин, користете балзам во боја или сјај за усни.
40+ Романтични тонови
Жените по својата 40-та година може да преминат на поромантични нијанси на кармин во валкано розова боја, кој има сјајна или сатенска текстура. Усните со текот на годините го губат волуменот, а за да создадете ефект на полни усни, изберете светли нијанси од јагода-розова до nude. Избегнувајте мат текстура, бидејќи таа уште повеќе ги истакнува брчките. Значи, вистински избор се сјајна текстура, а пред да го нанесете карминот, задолжително хидратизирајте ги усните.
50+ Живот во розово
Стилистите препорачуваат класични розови нијанси за жените на оваа возраст, а во игра се светло розовата, но и корално розовите кармини. Потемните нијанси ги нагласуваат брчките околу усните, а оние во nude нијанса изгледаат премногу бледо, затоа е важно да се одбере средна нијанса на розово со овошни подтонови. На оваа возраст шминката за очи треба да е минимална, значи фокусирајте се на руменило и розов кармин со сјајна текстура и со хидратантни својства.
Нема коментари