Брендот Angie M. зад кој стои Ангела Младеноска ја претставува новата колекција Ocean Mystique која содржи костими за капење и облека за на плажа за сезоната пролет-лето 2022. Боите кои пленат под океанските води, животинскиот свет, прекрасниот пејзаж на различни бои и чувството на безгрижност се инспирација на оваа колекција.
-Оваа колекција е спој на рачно изработени дводелни и едноделни костими за капење со впечатливи врвки, како и плетени бикини модели кои се секогаш во центарот на вниманието. Како „јаготка на шлагот“ додадовме и рачно изработени фустани кои целосно ќе го заокружат летниот изглед на модерната, софистицирана дама која сака да изгледа елегантно и префинето за време на дневните и вечерни уживања на плажа или безгрижните летни прошетки – велат од брендот.
Во колекцијата преовладуваат боите на подокеанскиот свет: портокалова, црвена, розова, виолетова, зелена, сива, црна, според Англеа бои кои зрачат мистичност и привлечност, бои кои го доближуваат мирисот на летото .
Фотосесијата која ја илустрира колекцијата Ocean Mystique ја реализираа фотографот Антонио Станков, фризурата е на Social Hair Salon, шминката на Милена Косич, модели се Ангела Младеноска и Елена Ѓорговска од модната агенција – Models In Management.
За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска, основач на Angie M. , која специјално се заблагодарува на Вања Младеноска, коосновач на овој бренд.
Новата колекција сега е достапна на е-шопот https://angie-m.com/, како и на Инастаграм и Фејсбук профилите на брендот.
Нема коментари