Вообичаениот начин на миење коса кој подразбира шампонирање и потоа нанесување регенератор, доби своја алтернатива. Новиот тренд на обратно шампонирање – односно прво нанесување на регенератор, па потоа шампон – добива сè повеќе поборници кои велат дека на ваков начин вашата коса ќе добие повеќе волумен создавајќи истовремено ефект на фенирана коса. Оваа алтернативна теорија се повикува на фактот дека кога ја миеме косата не можеме докрај да го исплакнеме регенераторот, поради што косата по плакнењето станува рамна и без волумен.
Со промена на редоследот на користење шампон и балзам косата и понатаму ги добива сите хидратизирачки погоодности на регенераторот, а со шампонот ќе ги исплакнеме сите негови остатоци. Новиот начин на миење коса е доста едноставен – нанесувате регенератор на мокра коса, оставате да дејствува пет минути, го одмивате регенераторот и дури потоа применувате миење со шампон. Повеќе уредници на убавина во познатите весници и списанија веќе го испробаа новиот метод на миење коса и тврдат дека после една седмица косата станува пожива и поубава. Испробајте го и вие новиот тренд и видете како ќе влијае на вашата коса.
Нема коментари