Деловниот дрескод најчесто е дефиниран со строги правила во однос на должината на здолништето, класични кроеви, форми кои не се трендовски, особно во боите кои треба да бидат темни и незабележителни. Но, неретко се провлекуваат современи правила и совети кои велат дека жената не треба да се ограничува на црни, неженствени и застарени модели, туку треба нешто да промени во изборот на деловна облека и да се одлучи за парчиња во кои нема да се чувствува досадно. Еве конкретен предлог – пролетва облечете се во пастелни бои. За да постигнете ведар, но сепак професионален изглед потребни ви се следниве седум клучни парчиња:
-Црно здолниште со заводлив крој, во кој се вметнати мрежести делови што кореспондирани со трендот за пролет 2014, а кое ја задржува задоволителната должина за во канцеларија и одлично се комбинира со бела кошула.
-Чевли со мали потпетици или таканаречени kitten потпетици, кои се елегантни, имаат женствен врв и оптимална висина. Стилистите советуваат да ги избегнувате чевлите со вртоглаво високи потпетици и да ги носите само во вечерни пригоди.
-Мал пастелен фустан како пролетна опција на малиот црн фустан. Бирајте светло розови или тиркизн модели, избегнувајте сексапилни припиени кроеви и одлучете се за покомотен модел кој може да го комбинирате со мантил и балетанки.
-Наместо црн костим изберете пастелно струкирано сако. Класичните сакоа и рамни панталони се досаден и неинвентивен деловен изглед, не и’ ласкаат на силуетата, па затоа одлучете се за светли и струкирани кроеви на блејзер.
-Здолниште со А-крој, со должина под колена и со цветен дезен со кое во еден потег ќе го освежите деловниот изглед. Лесно се комбинира со еднобојни кошули или памучни блузи, а подеднакво добро стои и со балетанки и со чевли со ниски потпетици.
-Сакото со интересен принт може да го комбинирате со црни панталони или класично темно здолниште, но пак ќе изгледате професионално и разиграно во исто време.
-Знаеме дека на работа не тргнувате без поголема чанта, па предлагаме да изберете модел во боја, со средна големина и со коцкеста форма која последниве сезони е во тренд. Класичниот коцкест облик на чанта допушта играње со боите, дури може и да изберете шарен модел.
Нема коментари