Крајот на оваа сосема поразлична година помината во глобална пандемија ни дава на сите чувство на ново поглавје, ново „нормално“, а тоа секако се пресликува преку нашиот стил.
Oваа година главни мотиви во модата и стилот беа удобно и лежерно, но тоа воопшто не значи дека плакарот ни станува здодевен, туку напротив – ни дава можност за експериментирање.
Тимот на Fashion Group ги охрабрува сите да го обноват плакарот и да ја дочекаат новата година со освежени парчиња облека од зимската колекција на познатите брендови. Основните парчиња облека што мора да ги има во секој плакар се бела кошула, класичен блејзер за секаква пригода, фармерки во кои секој се чувствува најдобро, класичен топол капут, кожена црна чанта и високи чизми.
Овие парчиња може да се комбинираат и освежуваат со секое друго парче во вашиот плакар, па затоа првиот чекор е да ги разгледате нашите комбинации, да го подготвите списокот со овие парчиња и да купувате онлајн.
Нема коментари