Научна облека!? Звучи како премиса за некој лош научно-фантастичен филм каде облеката на крајот ќе ја преземе контролата од човечката раса и организирана група на одметници ќе бидат принудени да носат облека од лисја со цел да се борат против нивните надлежни за облеката. Или само звучи како вешта идеја.
Компанијата „Атос” од Сан Франиско која произведува хај-тек фитнес опрема разработи облека која може да ви каже кои мускули ги употребувате додека вежбате и колку напор вложувате во тие мускули. Тоа му доаѓа како некој вид личен тренер кој го облекувате. На пример, ако задникот не ви е одалечен доволно од подот додека правите склекови, програмата ќе ви каже дека работите само со одреден тип на мускули.
Па, како тоа функционира? Тие користат електромиографија (ЕМГ) технологија од светот на медицината, така што нивната програма бележи електрични сигнали испратени од страна на телото кога мускулите се активираат. Тие ги нарекуваат нивните сензори „суштината” и тие се поврзани со сензори вградени во структурата на облека, а потоа пренесувааат информации на вашиот iPhone. Во реално време се следи отчукувањата на срцето, соопштувајќи колку напорно работите и каков вид на активност спроведувате. Во суштина, тоа ви дава цел куп на информации кои можат да се користат за подобрување на тренингот, и се чини како идеално за професионални спортисти, тренери или следбениците на фитнесот кои се големи технолошки фанови. Производот ќе биде достапен веќе есенва.
Нема коментари